Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Посебен режим на сообраќај во недела пред СЦ. Јане Сандански
Посебен режим на сообраќај во недела пред СЦ. Јане Сандански

Посебен режим на сообраќај во недела пред СЦ. Јане Сандански

Од РК Вардар не информираат дека поради големиот интерес за неделниот натпревар помеѓу нашиот РК Вардар и европскиот првак Барселона, ќе има посебен режим во сообраќајот кој ќе движи до салата.
Целото соопштение од РК Вардар:

Според насоките на МВР, в недела од 8:00 часот наутро ќе биде забранет пристап за моторни возила околу СЦ „Јане Сандански”, вклучувајќи го и паркингот до салата, а од 14:00 часот, па сѐ до крајот на натпреварот меѓу Вардар и Барселона (што почнува во 17:45), ќе биде забранет пристап на сите моторни возила во насока кон СЦ „Јане Сандански”.

Ќе биде воспоставен воспоставен режим со кој ќе бидат затворени булеварите коишто водат кон СЦ „Јане Сандански” – булевар АСНОМ до булевар Србија и булевар АСНОМ до булевар Јане Сандански.

Овие правила важат за сите гледачи кои планираат да го следат натпреварот Вардар – Барселона во живо, вклучувајќи ги и гледачите со ВИП влезници. Исто така нема да важат ниту пропусниците за возила кои се издадени за сезонава.

Исто така, ги замолуваме сите гледачи да дојдат најмалку час и половина пред почетокот на натпреварот поради големиот интерес.