Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар во најдобрите осум во Европа по победата над Висла во “инфаркт меч“
Вардар во најдобрите осум во Европа по победата над Висла  во “инфаркт меч“

Вардар во најдобрите осум во Европа по победата над Висла во “инфаркт меч“

Први во напад тргнаа црвено-црните на овој меч и погодуваме преку Лука Циндриќ за еуфорија во салата. Потоа следеше по едно промашување на двете страни,  Висла израмни на 1-1, но само 20 секунди потоа Алекс Душебаев ја враќа предноста за вардарци. Во 7 минута резулатот на семафорот е 3-3, по што даваме два последовоателни гола за 5-3 преку Тоскиќ и Шишкарев благодарение на одбраните на Штербик кој до 8 минута нанижа  четири успешни интервенции. Еден од најдобрите поединци на гостите Роча заработува директен црвен картон во 10 минута, по што е досуден седмерец кој го промашува Манасков. За жал двете минути без играч за гостите ги користат гостите бидејќи дават два, а примија само еден гол во 12 минута резулатот е 6-5. Црвено-црните успеваат да направат минисерија 2-0 и зголемуваат првпат на три плус, резулатот беше 8-5 по што гостинската клупа побара минута одмор.  Гостите намалуваат на еден гол предност со два последователни погодоци и имаа удар за нерешено, но тука се испречи Штербик со одличната петта одбрана, а во нападот што следуваше  гол за црвено-црните постигна Душебаев за 9-7. Штербик покажува дека е светски број еден последната деценија, тој брани серија удари на гостите до 20 минута нареди 7 одбрани. Играме неефикасно во напад па гостите  даваат два гола за изедначување 9-9, по што Гонзалес бара тајм-аут за консолидирање на екипата. Веднаш во првиот напад одлично погодува Карачиќ, а Штербик ја забележува 8 интервенција во таа 23 минута.    Гостите денес играат жилав ракомет секогаш по наша преднос т се враќаат, тие успеваат да поведат со 11-12 по што Гонзалес се реши да го побара вториот тајм-аут уште во 26 минута од првиот дел и повторно по истиот Карачиќ дава погодок. Во 29 минута на резулат 13-13 голем удар за нас црвен картон за Илија Абутовиќ. Тоа го користат гостите да поведат со 13-15 , а во последниот напад беше поништен гол на Тоскиќ од 9 метра.

r2

Гостите во првиот напад во вториот дел зголемуваат на 13-16, по што ние носени на крилјата на Комити и одбраните на Штербик намалуваме на 14-16. Во продолжение по три гола на двете страни, за црвено-црните двапати од седум метри стрела Матијаш Брумен и еднаш Тоскиќ во 39 минута резулатот е 17-19. Гостите добиваат поклон седмерец од денес лошата судиска двојка, Диви влегува на голот одбрани и ја дига цела сала на нозе што резулатира со гол за 18-19. Одигравме во одбраната и во 42 минута во вториот дел Дибиров изедначува на 19-19 за громогласен татнеж во “ Јане Сандански“. Штербик брани, за нас е досуден пенал Грумен промашува, но одбиената топка Карачиќ ја забива во мрежата за прво водство во вториот дел 20-19.  Гостите изедначуваат, а Тоскиќ дава гол за 21-20 сепак во следниот напад лошата арбитража повторно на сцена две минути казна за Брумен за еден безмалку никаков фаул по што Вишњиевски изеначува. Потаа примаме два наивни гола од како со маркер се обидовме да напаѓаме. Во напад Пушица не успева да го сопре денес одличниот Тоскиќ и го фаулира за седмерец кој Карачиќ го претвара во гол за 22-23 и враќање на надежта. Штербик брани со помош на блокот и преку Душебав изедначуваме на 23-23.   Штербик брани двапати  по удар на гостите, но Дибиров промашува влез од крилна позиција за водство, а потоа и Циндриќ прави пробивање. Што гостите го користат да во 24 минута погододат за 23-24, сепак Тоскиќ веднаш изедначува.  Се одбранивме успешно гостите направие пенал на линијата од 7 метра се упати Карачиќ кој промашува. Се одбрануваме Тимур трга во контра и Гоолллллллл… за 25-24. Штербик ја реди својата 15 интервенција со која ја запечатува оваа победа.

r3