Циндриќ изминатата година ќе ја памети по многу моменти, а еден од нив е сигурно освојувањето на Еропската титула со екипата на Вардар. Тој го даде решавачкиот гол против Барселона вреден финале, кој потоа се покажа злато вреден, со оглед дека Вардар успеа да ја освои ЛШ, со победата во големото финале против ПСЖ. Во интервју за СЕХА, Лука истакна дека тие моменти вечно ќе ги памети и дека изминатата година била негова од соништата.
-Детските соништа ми станаа јаве со погодокот кој го дадов против Барселона, која е голем клуб. Среќен сум затоа што се беше подредено онака како што треба. Тој момент ме направи поголем играч за мојот национален тим, за мојот тим, за тренерот и за соиграчите. Исто така ми донесе и самодоверба. Зад себе оставив година од соништата. Во краток период освоив многу пехари и признанија и напредувам како играч од сезона во сезона.
Вардар оваа сезона брани четири трофеи, Лука верува дека црвено-црните можат да го повторат успехот и да го одбранат трофејот во Лигата на Шампионите.
-Секако дека можеме. Тоа е нашата цел од почетокот на сезоната. Нема причина зошто да не целиме кон тоа. Бевме први во групата во ЛШ, исто така и во СЕХА-лигата. Верувам дека на крај ќе ги освоиме трофеите во ЛШ и СЕХА. Секако, патот до таму ќе биде потежок затоа што ривалите сега знаат дека сме сериозен тим, додека ланската година не сметаа за аутсајдери. Во меѓувреме, им покажавме на сите дека Вардар не е екипа за потценување.
Од 13-15-ти април, во С.Ц. Јане Сандански ќе се одигра завршниот турнир на најдобрите четири екипи во СЕХА-лигата. Прва пречка во полуфиналето ќе биде екипата на Брест Меешков.
-Среќен сум затоа што ќе играме пред нашите навивачи. Секој го очекува трофејот и ќе биде возбудливо. Ф4 е секогаш тензичен, но ќе биде одлична најава за мечевите во ЛШ. Прв ривал ќе биде Мешков Брест, тим кој добро го познаваме. Имаме време да се подготвиме и да излеземе на терен во најдобро издание.