Пред точно пет години, Вардар одигра еден од најдобрите натпревари, откако на чело на клубот застана Сергеј Самсоненко. Во рамките на 1/8 финалето од Лигата на Шампионите, на свој терен, црвено-црните мораше да анулираат негатива од шест голови во дуелот со Висла Плоцк, доколку сакаа да се пласираат во 1/4 финалето.
Вардарци предводени од Раул Гонзалез, со Штербик на голот, потоа Карачиќ, Горбок и Душебаев го „растурија“ полскиот тим и славеа убедливо со резултат 31:20. Тоа беше навистина одличен натпревар на кој присутната публика уживаше, а арената С.Ц. Јане Сандански беше преполна, со феноменално навивање во текот на сите 60 минути.