Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пенал рулетот “несреќен“ за Вардарци, избраниците на Петковски и Чивлачки загубија во полуфиналето
Пенал рулетот “несреќен“ за Вардарци, избраниците на Петковски и Чивлачки загубија во полуфиналето

Пенал рулетот “несреќен“ за Вардарци, избраниците на Петковски и Чивлачки загубија во полуфиналето

Машката екипа на РК Вардар која е дел од турнирот “Трофеј Белград“ не успеа да се пласира во големото финале на овој турнир. Екипата предводена од Петковски и Чивлачки го загубија мечот во полуфиналето од екипата на РК Нов Белград, дури по изведување на удари од седум метри. Во регуларниот дел мечот заврши со нерешен резулат 20:20.

На стартот од мечот се играше гол за гол, но домашниот тим беше во предност, не поголема од еден гол разлика. Последното нивно водство беше при резултат 3:2, кога црвено-црните успеваат да направат серија од 0:3 и за прв пат да имаат предност од два гола разлика (3:5). Како течеше првото полувреме, нашите момци играа се подобро и во еден дел од натпреварот имаа и највисоки 7:12. До крајот на првиот дел, екиапта на Белград успеаа да ја намали негативата и на одмор да се замине со резултат 10:13. Со гол го отворивме и второто полувреме за предност од 10:14, но во следните седум минути противникот прави серија од 5:1 и го израмнува резултатот на 15:15. До крајот на регуларните 40 минути се играше гол за гол, за конечни 20:20.

Веднаш се пристапи кон изведување на удари од седум метри, на кои поуспешна беше екипата на РК Нов Белград. Филип Николов постигна 8 гола, додека Стефан Крстевски додаде 7 во редовите на Вардар, кои на крај се покажаа како недоволни за триумф. Утре е последниот ден на овој турнир, на кој ќе играме за третото место.