Вчера, РК Вардар го доживеа вториот последователен пораз во Лигата на Шампионите. Црвено-црниот тим загуби на гостувањето од екипата на Алборг. Тренерот Веселин Вујовиќ, смета дека поразот е резултат на слабиот почеток во вториот дел.
„Слабите први десет минути од второто полувреме се причина за поразот на натпреварот, губевме и со седум гола, се обидовме да направиме нешто, но беше невозможно да се вратиме резултатски. Сега овој меч за мене е историја, најважен ми е следниот со Кил. На Алборг му посакувам многу среќа.