Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Среќни сме со резултатот и со првото место на табелата – Штербик: Крајниот резултат е реален
Гонзалес: Среќни сме со резултатот и со првото место на табелата – Штербик: Крајниот резултат е реален

Гонзалес: Среќни сме со резултатот и со првото место на табелата – Штербик: Крајниот резултат е реален

Вардар и Веспрем одиграа интересен натпревр во дербито на СЕХА-лигата. Во “Веспрем арената“ двете екипи на крајот ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат 28:28. Иако домашниот тим беше поблиску до победата, сепак црвено-црните надополнија три гола неагатива во последните три минути и со голот на Карачиќ од седум метри успеа да го израмни резултатот. Така Вардарци остануваат единствената екипа во ова натпреварување која сеуште нема пораз. Пред овој меч бевме во серија од десет последователни победи, но и овој резултат е еднаков на триумф со оглед дека игравме против актуелнот освојувач на СЕХА и вицешампионот на Европа. На прес-конференцијата после завршување на натпреварот се обратија тренерот Гонзалес и Арпад Штербик.

-Честитки за Веспрем, тие се одличен тим. Во првото полувреме почнавме многу добро, Ангелов беше извонреден, а јас задоволен од нашите контри. Среќни сме со резултатот и со првото место на табелата, истакна Гонзалес.

Штербик потенцира дека Ангелов бил одличен на голот и многу помогнал во нерешениот резултат.

-Дојдовме во Веспрем по два порази едноподруго и среќен сум што нашиот тим одигра добар натпревар по тие порази. Сите знаат дека не е лесно да се игра во Веспрем. Резултатот од натпреварот е реален, ние бевме подобри во првото полувреме, а за тоа помогна многу брилијантниот Ангелов. Во второто полувреме Веспрем играше подобро, но успеавме да изедначиме, изјави Штербик.