Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Горд сум на моите играчи – Штербик: Требаше да победиме и поради фер плеј во групата
Гонзалес: Горд сум на моите играчи – Штербик: Требаше да победиме и поради фер плеј во групата

Гонзалес: Горд сум на моите играчи – Штербик: Требаше да победиме и поради фер плеј во групата

Со победа заврши групната фаза за нашиот ракометен шампион. Вечерва црвено-црните славеа во последното коло од најсилната група Б, против екипата на Кристијанштад. Иако предвреме го решивме првото место во групата, Вардарци не оставија ништо на случајноста и на најдобар можен начин обезбедија директен пласман во четвртфиналето. По завршување на натпреварот на прес-конференцијата пред медиумите се обрати Раул Гонзалес.

-Знаевме дека играат брз ракомет и дека ќе имаме проблеми со оглед на нивните претходни мечеви со фаворитите. Тие беа и добро мотивирани. На почетокот кај нас се` функционираше добро. Во второто полувреме зборував дека не треба да се опуштаме, бидејќи ќе играат цел меч со 100 отсто. Имавме проблеми со одбраната. Задоволен сум што сме прво место. Сега имаме пауза и треба да се спремаме за тие натпревари. Горд сум на моите играчи од почетокот на сезоната до сега.

Јунак на овој меч беше Арпад Штербик, кој беше нерешлива енигма за противничките играчи. Тој натпреварот го заврши со 22 одбрани и дефинитивно беше најдобар поединец во нашиот состав.

-Се плашев од овој меч бидејќи Кристијанштад е одличнa екипа. Досега секогаш сме играле позитивно, и сме имале тешки натпревари. Требало да се испотиме за да ги победиме. Тие се млада екипа, но добро играат. Нам кога не ни требаше, некако имавме среќа, па некои мечеви лошо ги игравме. Денеска требаше да победиме и поради фер плеј во групата. Мислев дека Кристијанштад ќе бидат послаби од лани, но тие покажаа подобра игра од лани.