Утре на програмата е првиот натпревар од 1/4 финалето во СЕХА-лигата, меѓу екипите на Вардар и ППД Загреб. За прв пат една од екипите нема да игра на завршните турнири во ова натпреварување.
Вардар и Загреб беа активни на трансфер пазарот ова лето, и двете екипи направија промени во ростерот, па не очекуваат неизвесни натпревари. Во пресрет на утрешниот натпревар кој ќе се одигра во Скопје, на прес-конференцијата пред медиумите во Загреб се обрати капитенот на противникот, Мандиќ, како и тренерот Ивица Обрван.
-Играме со противник за кој сметам дека сме израмнети во многу сегменти од играта, па се надевам на еден добар и борбен натпревар. Вардар направи големи промени во својот состав, се работи за одлична екипа за која ние треба добро да се подготвиме. Посакуваме да одиграме добра одбрана, нешто што не красеше на подготвителниот турнир во Добој. Одработиме тешки и долги подготовки и на останува уште малку простор за да се воиграме. Ние сме исто така нова екипа со искусни играчи кои од младите вадат максимум во секој сегмент на играта. Во екипата владее позитивна атмосфера, со нетрпение го очекуваме стартот на новата сезона, се надеваме на победа и во Скопје, истакна Мандиќ.
После три недели подготовки засклучно со турнирот во Добој, пред нас е многу важен натпревар. Сметам дека шансите и за нас и за Вардар се подеднакви, што се однесува за екипата која ќе успее да се пласира на завршниот турнир. Сметам дека резултатот од првиот натпревар не гарантира ништо, ако не се случи некоја од екипите да победи со висока разлика, така да сметам дека патникот во Задар ќе се одлучува на 31.август во Загреб. Ни останаа уште неколку тренинзи за подготовка, ја подигнавме формата на едно повисоко ниво. Се надевам дека и на двата натпревари ќе прикажеме добра игра и дека ќе се пласираме на завршниот турнир од СЕХ-лигата, изјави Обрван.
Натпреварот утре ќе стартува во терминот од 20:15 часот.