Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Некои играчи треба да се размислат дали ќе останат во Вардар – Стоилов: Мора да победиме на следните натпревари за да ја вратиме самодовербата
Вујовиќ: Некои играчи треба да се размислат дали ќе останат во Вардар – Стоилов: Мора да победиме на следните натпревари за да ја вратиме самодовербата

Вујовиќ: Некои играчи треба да се размислат дали ќе останат во Вардар – Стоилов: Мора да победиме на следните натпревари за да ја вратиме самодовербата

Вардарци не успеаа во обидот да се вратат на победите во Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански, црвено-црните беа поразени од екипата на Кил со резултат 26:29. Вардар одигра добро во првото полувреме, период во кој имаше три гола позитива, истата разлика ја имаше и после пет минути игра во вториот дел,  но од тие моменти започна падот во играта. Кил играше се подобро и успеа да направи целосен пресврт.

После завршување на натпреварот пред медиумите се обратија тренерот Михајловски и капитенот Стоилов.

-Честитки до Кил за заслужената победа. Ние пред натпреварот знаевме дека нема да играат тројца играчи и имавме мислење дека имавме шанси. Многу се мачевме во клучните моменти во нападот. Резултатот кој го имаме беше поради успешната одбрана и расположениот Томовски. Имавме страшни проблеми во нападот при играта „шест за шест“, шутерски бевме рамни на нула и бековите немаа свој ден. Се обидовме со „седум на шест“, игра која создава нервоза и кај нас на клупата и на трибините. Заминавме на три разлика и  застaнавме. Не знам што се случи. Примивме 19 гола во вториот дел, тоа е премногу за Вардар и за мојата филозофија. Има некои играчи кои треба добро да се размислат дали од полусезоната ќе останат во Вардар, затоа што очекуваме повеќе од нив, ако Вардар сака да направи нешто повеќе, истакна Вујовиќ.

Стоилов истакна дека клубот има многу нови играчи сезона, па ќе биде потребно време екипата да се воигра, иако не бараше алиби за поразот од Кил.

-Кил дојде до важна победа и покрај тоа што немаше тројца важни играчи. Ние почнавме многу добро во првиот дел, имавме водство, но бевме премногу зависни од голманот кој фати топки и направи лажна визија за првиот дел. Главната сила на Кил е што тие се заедно повеќе време, нашиот тим не е така. Имаме нови играчи, нов тренер. Мораме да бидеме многу подобри, но не можеме веднаш, затоа што играчите не се познаваат доволно. Ама, тоа не е алиби за поразот. Мораме и можеме да победиме на следните натпревари и да си ја вратиме самодовербата.