Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дејвис: Благодарност до Комити за поддршката – Стоилов: Се надевам на подобра игра во Унгарија
Дејвис: Благодарност до Комити за поддршката – Стоилов: Се надевам на подобра игра во Унгарија

Дејвис: Благодарност до Комити за поддршката – Стоилов: Се надевам на подобра игра во Унгарија

Вардар со негатива од осум голови (22:30) ќе патува на реваншот кај Веспрем, во рамките на 1/8 финалето од Лигата на Шампионите. Црвено-црните доживеаа висок пораз на првиот натпревар одигран во Јане Сандански, па така шансите за пласман во следната рунда се минимални.

После завршување на натпреварот, свое видување даде Давид Дејвис кој го изјави следново:

-Јас работев со Момир Илиќ во Веспрем и сакам да му честитам. Се надевам ќе се среќаваме често во елитата. За натпреварот, сакам да им честитам на играчите за напорната работа во овие два месеци. Тие ми дадоа многу возбуда откако дојдов тука. Беше тешко, целта ни беше пласман во нокаут фазата и ја исполнивме. Се обидовме да се подготвиме за Веспрем, ама одигравме само 15 добри минути. За два месеци се покажа до кое ниво стигнавме, а така не може да се дојде до успех. Ќе продолжиме да напредуваме и верувам дека со време ќе го достигнеме посакуваното ниво во играта. Имаме реванш, ќе се подготвиме и за него и ќе се бориме додека имаме шанса. Благодарен сум на „Комити“ и сите останати во салата кои ни пружија неверојатна поддршка, истакна Дејвис.

И покрај големата негатива, сепак капитенот Стоилов верува дека на реваншот Вардар може да одигра подобро и да се надева дека ќе изненади.

-Сакам да му честитам на Веспрем. Победија тука, каде што за сите е тешко. Се случува, игравме добро само на стартот. Потоа нивните голмани ни пркосеа, бевме збунети во напад и така паднавме на самодоверба. Веспрем беше фаворит и си ја заврши својата задача, а ние не можевме да ги изненадиме. Можеби изгледа невозможно, ама сè може да се случи во Унгарија и се надевам ќе одиграме подобро, изјави Стоилов.