Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски: Тажен сум што нема да играме во Задар – Мишевски: Имавме шанси да победиме и во регуларниот дел
Недановски: Тажен сум што нема да играме во Задар – Мишевски: Имавме шанси да победиме и во регуларниот дел

Недановски: Тажен сум што нема да играме во Задар – Мишевски: Имавме шанси да победиме и во регуларниот дел

Вардар за жал не успеа да се пласира на завршниот турнир во СЕХА-лигата. На натпреварот кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански, екипата на Нексе се радуваше дури после изведување на удари од седум метри (30:32). Во регуларните 60 минути натпреварот заврши со нерешен резултат.

После завршување на натпреварот на пресконференцијата своите впечатоци пред медиумите ги изнесоа Недановски и Мишевски.

„Честитки до екипата на Нексе која ќе игра на завршниот турнир во Задар. Се работи за добар тим, со кој лани исто така двапати не победивме. Ротацијата одново се покажа како проблем, тоа е нешто што е многу потребно, особено во одбраната. За натпреварот можам да кажам дека сум тажен што нема да играме во Задар. Имавме преголема желба, ама загубивме по пеналите кои се лотарија. Сепак, среќен сум дека покажавме дека имаме карактер, се вративме од четири гола дефицит, за да се вратиш во натпреварот. Докажавме дека можеме да играме против сериозен тим кој играше на „фајналфор“ во Европската лига, еден од петте најдобри тима на балканот, истакна Недановски.

„Пеналите не може да се предвидат, кој ќе има среќа ќе ги добие. Голманите се во главна улога. До пеналите имавме шанса да победиме, промашивме неколку зицери во вториот дел кои сметам дека беа клучни за резултатот. Се боревме до крајот, немаме доволно ротација и тоа е голем проблем. Сепак, не се откажавме и дадовме сè од себе, изјави Мишевски.