Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов и Дибиров: Сите играчи се во неизвесност, околу судбината на Вардар
Стоилов и Дибиров: Сите играчи се во неизвесност, околу судбината на Вардар

Стоилов и Дибиров: Сите играчи се во неизвесност, околу судбината на Вардар

Вардар сезонава нема да го гледаме во Лигата на Шампионите, откако од ЕХФ решија да го исклучат двократниот Европски Шампион, поради ненавремено расчистени долгови. Неизвесно е и тоа како ќе изгледа клубот во новата натпреварувачка сезона, после денешното соопштение од Вардар, подетална слика за тимот ќе се има од понеделник, за кога е најавена прес-конференција.

Играчите кои моментално се со најголем стаж во Вардар, Стојанче Стоилов и Тимур Дибиров, исто така се запрепастени од оваа одлука на ЕХФ, и очекуваат подетални информации од клубот за иднината на играчите. Во изјава за слободен печат го изнесоа следново:

– Има големо разочарување и некакво чувство на неправда (поради исклучувањето на Вардар од ЛШ н.з.). Се уште е рано да зборуваме што понатаму, затоа што се уште немаме поконкретни информации од клубот. За одредено време треба да се собереме сите и ќе разговараме како Вардар ќе функционира понатаму. Моментално сме во неизвесност – истакна Дибиров.

– Голем удар му е нанесен на Вардар. Како може така да одлучиле (ЕХФ да го суспендира Вардар н.з.)?! Не знам дали имале предвид дека тоа ќе биде страшно голем удар за клубот! Сите играчи чекаат и се во неизвесност околу тоа што ќе биде со Вардар понатаму. Чекаме со луѓето од клубот да видиме како понатаму, изјави Стоилов.