Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Момците РК Илинден, РК Будимир Вардар и РК Урдаревски триумфално кај генер.2004/05
Јуниор лига: Момците РК Илинден, РК Будимир Вардар и РК Урдаревски триумфално кај генер.2004/05

Јуниор лига: Момците РК Илинден, РК Будимир Вардар и РК Урдаревски триумфално кај генер.2004/05

Вчера  во салата “Кале“ се одигруваше вториот натпреварувачки ден од седмото коло во ракометната Вардар јуниор лига. Кај момците во генерацијата родени 2004 и 2005 се одиграа три натпревара, од кои ви носиме извештаии.

1

РК Урдаревски Вардар од Скопје ја победи екипата на РК Балтепе Вардар со пресврт  во првиот дуел во оваа генерација со резултат 20-17 (8-9). Први со гол отворија скопјани, но тетоввчани веднаш изедначија на 1-1.  Резултатот потоа беше постојано реми 2-2, 3-3, 4-4, 6-6-, 7-7 и на крајот 8-8, двата тима беа близу и постојано изедначуваа. Во последниот напад РК Балтепе погоди за 9-8 и го однесе дуелот на одмор со гол позитива.

2

Вториот дел беше исто како и првиот дел , едниот тим поведуваше другиот изедначуваше постојано од 9-9 се до 13-13. Тогаш скопјани искористувајќи неколку промашени напади на тимот од Тетово со срија 3-0 поведоа со 16-13 и најавија дека ќе пробаат да ја зачуваат оваа разлика. Тие во тоа и успеаа повторно се играше гол за гол, но нивните три гола предност им овозможија победа со 20-17 на крајот. Кај победникот Ѓошев имаше четири гола, кај поразените Ненад Стојковски имаше исти скор.

7

Во вториот дуел екипата на РК Будимир Вардар со пресврт го совлада тимот на РК Општина Кисела Вода Вардар, тие триумфираа со резултат 20-11 (6-7). Први со гол дуелот го отворија момците на Будумир, веднаш Кисела Вода врати и изедначи на 1-1. Потоа постојано беше реми на семафорот, 2-2, 3-3, 4-4 и на крјаот 5-5. Со два гола во финишот Кисела Вода се одлепи на 5-7, но нивниот ривал погоди во последниот напад, па на одмор се замина со минимална нивна предност од 6-7.

Вториот дел почна со голема офанзива на момците на РК Будимир, тие со серија 5-1 на почетокот се одлепија на 11-8 и најавија дека ќе атакувата на победа на овој дуел.  Во вториот дел гледавме сосема поинаков дуел за разлика од првиот дел, од минута во минута тимот на Будимир се одлепуваше се повеќе и повеќе па на крајот триумфираа со високи „плус девет, 20-11. Кај победникот Симоновски имаше пет гола, кај поразените Нетески погоди четири пати.

3

Во последниот дуел гледавме еден возбудлив дуел, во истиот екипата на РК Илинден Вардар дојде до победа во мечот со РК Карпош Вардар од Куманово. Тие триумфираа со 22-21 (12-10) на оваа средба. На почетокот двете екипи отворија со по два гола на двете страни, беше најпрвин 1-1, а потоа и 2-2. Илинденци потоа со два гола едно по друго успеаа да се одлепат на 4-4, по ова следеше игра гол за гол и голема борба. Двата тима постигнаа по исти број голови до крајот на првиот дел, па момците на Дарко Јанев со предност 12-10 го однесоа дуелот на полувреме.

4 5

Вториот дел почна со гол на кумановчани за 12-11, и кога сите очекуваа дека повторно ќе се игра тесно илинденци направија огромна серија. Тие со серија 7-1, на средината од вториот дел се одлепија на “плус шест“ 19-13. Сепак момците од РК Карпош Вардар не мислеа да се предадат, па со исто така неверојатни 0-7 го преземаа водството и поведоа со 19-20 на неколку минути до крајот. Момците на Јанев, успеаа да бидат повешти во финишот и да направат пресврт победувајќи со 22-21.