Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > ЈУНИОР ЛИГА: Победи кај момците во генер.2002/03 за Илинден, Шампион и две за Преспа
ЈУНИОР ЛИГА: Победи кај момците во генер.2002/03 за Илинден, Шампион и две за Преспа
РК Илинден Вардар

ЈУНИОР ЛИГА: Победи кај момците во генер.2002/03 за Илинден, Шампион и две за Преспа

Викендов се одигра 4.коло во ракометната Вардар Јуниор лига. Кај момците родени 2002 и 2003 година се одиграа четири меча, два во Кале и два во “Јане Сандански“ од истите ви носиме извештаи во продолжение.

РК Илинден тим од скопската населба Илинден кој го водат сопружниците Јанев Дарко и Александра однесе победа кај момците во мечот со ГРК Гостивар со резултат  17-15.  Илинденци поведоа со 4-0 на почетокот на што со еден гол врати Гостивар и намали на три негатива 4-1. Во продолжение игра гол за гол двата тима постигнаа по 4 гола во противничката мрежа и се отиде на одмор со резултат 8-5.
Вториот дел Илинден го почна со серија 3-0 и се одлепи на 11-5 на почетокот. Следуваше израмнет период во кој двата тима погодија по 4 пати и негативата за Гостивар остана иста, односно 15-9.  Во финишот гостиварчани се обидоа да притиснат и направија серија 2-6 сепак тоа беше доволно за минимален пораз од два гола, 17-15. Г.Спасковски кај илинденци постигна 6 гола, кај Гостивар Рафајловски имаше 7 гола.

ГРК Гостивар

ГРК Гостивар

РК Преспа однесе победа со РК Кале во еден интересен меч. Првин кичевчани поведоа 0-1, после со серија 4-0 предноста ја презема Преспа и поведе 4-1. До крајот на првиот дел се играше игра гол за гол на двете страни. На одмор се отиде со резултат 9-5 на семафорот.
Кале вториот дел го отвори со два гола и намали на 9-7. Потоа со серија 3-0 Преспа ја најави победата кога поведе со  12-7, односно поведе со пет плус. Докрајот повторно игра гол за гол двете екипо постигнаа по еднаков број голови пет, во двете мрежи за победа на Преспа со 17-12. Кај победникот Табаковски со 7 гола беше прв стрелец, кај поразените Коруновски  даде 5 гола.

Шампион однесе победа над Делчево во најефикасниот меч во оваа генерација, победувајќи со 28-24. Делчево поведе на овој меч  со 0-4, сепак Шампион со серија 5-2 се врати и намали на 5-6. Мечот потоа се играше со многу изедначувања во првиот дел беше: 8-8, 9-9, 10-10, 11-11 и заврши со резултат 12-12 на полувреме.
Вториот дел продолжи исто гол за гол се до 17-17. Со серија 3-0 Шампион се одлепи на 20-17 подоцна во игра гол за гол се покажа дека таа серија беше круцијална за триумф. Во последните 2 минути се влезе со плус три за Шампион, 27-24 до крајот тие не примија гол, а постигнаа еден и победија со 28-24.  Кај победникот блесна со 16 гола Јорданов, кај поразените најистакнати беа Милев и Горгиевски по 7 гола.

23

РК Преспа

18

Момците на Урдаревски

Преспа однесе победа над и над Урдаревски на меч во Кале со резултат 18-9 на крајот. Момците на Урдаревски поведоа со 0-1, а потоа и со 1-3 на почетокот. Ресенчани успеаа пред крајот на изедначат на 6-6. Потоа во фуриозен финиш со серија 4-0 го однесоа мечот на одмор со резултат 10-6.

12

Вториот дел го почнаа со продолжување на серијата со нови 3 гола поведоа со 13-6. По ова беше познат победникот тие до крјаот играа рутинирано. Ресенчани дури и ја зголемија предноста победувајќи со 18-9. Кај нив прв стрелец беше Костовски со 6 гола, кај поразениот тим Мутовски имаше 4 гола. Од овој меч фотогалерија може да погледнете-тука