Новиот сопственик на Европскиот ракометен Шампион, Михајло Михајловски ги демантираше „шпекулациите„ дека Самсоненко ќе бара кирија за спортскиот центар Јане Сандански.
Во изјава за медиумот G-sport,медиум кој е специјализиран само за ракометни вести, Михајловски истакна дека пред да го превземе Вардар имале договор со Самсоненко, за отстапување на арената, односно Јане Сандански и понатаму ќе остане “храм“ каде црвено-црните треба да освојуваат нови трофеи.
„Видов написи што не соодветствуваат со реалноста. Јас и Сергеј Самсоненко, имаме договор Вардар да ја користи салата „Јане Сандански“ а тоа да биде дел од неговиот придонес кон новиот Вардар. Што се однесува до младите категории, ќе се договориме со директорот на салата и тој дел од трошоците ќе си биде на Вардар. Ова беше договорено уште во делот на преземањето, изјави Михајловски.
Ова само ја покажува големината на Сергеј Самсоненко, човекот кој сигурно ќе остане запаметен само по добри работи, под негово водство, Вардар успеа на два пати да испише историја и да ја освои Европската титула.