Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > ЈУНИОР ЛИГА: Триумфи на момците на РК Карпош и РК Бисинов кај генер.2004/05
ЈУНИОР ЛИГА:  Триумфи на момците на РК Карпош и РК Бисинов кај генер.2004/05
РК Бисинов Вардар

ЈУНИОР ЛИГА: Триумфи на момците на РК Карпош и РК Бисинов кај генер.2004/05

Во машка конкуренција кај генерација родени 2004/2005 година денес на Кале се одиграа два натпревари. Победи и нови бодови во вардаровата ракометна  “Јуниор“ лигата забележаа екипите на РК Карпош и РК Бисинов. Погледнете наши извештаи од овие два машки дуели.

РК Карпош Вардар

РК Карпош Вардар

РК Карпош забележа убедлива победа во дуелот со екипата на РК Вардар ДБ. РК Карпош прв го отвори резултатот, додека во следниот напад РК Вардар ДБ го израмни резултатот. Сепак до крајот на првиот дел, екипата на Карпош прави серија од 1:5, за на полувреме да има солидна предност од 2:6. Продолжи серијата и во вториот дел, кога зголемија на 2:7. Во следните пет минути, РК Вардар ДВ намалува на 4:8, но крајот на мечот сите четири погодоци му припаѓаат на Карпош, за конечен резултат од 4:12. Ракометната школа на Карпош-Вардар е предводена од поранешната репрезентативка Наташа Младеновска-Ѓорѓиевска. Фотогалерија од овој меч може да погледнете на нашиот сајт- тука

1

Кај РК Карпош Давид Видевски и Марио Бошковски по 4 гола, кај РК Вардар ДБ по два гола постигнаа Борис Пешиќ и Тино Станчев. 

На вториов натпревар во истава генерација победа издвојува РК Бисинов, кој за противник го имаше РК Урдаревски. Почетокот на мечот не навести дека РК Бисинов ќе слави, Урдаревски беше екипата која ги псотигна првите три гола на стартот и поведе со 3:0. Имаа водство и од 5:1, но до крајот на првото полувреме следи несфатлив пад во нивната играч, кој му овозможува на Бисинов да стигме до израмнување на 5:5, резултат со кој се замина на полувреме.

Продолжи серијата на РК Бисинов и на стартот на второто полувреме, кога имаа прво водство од 5:6. Во следните минути се играше гол за гол, имаше и израмнување на резултатот на 7:7. Сепак РК Бисинов беше посконцентриран во последните минути и со три гола во серија успеа да забележи триуф, Конечниот резултат гласеше 7:10. Кај победничката екипа Иле Табаков постигна 6 гола, додека кај РК Урдаревски шест гола беа дело на Благоја Петровски.