Во саботата во спортскиот центар “Јане Сандански“ се одиграа двата полуфинални мечеви во машка конкуренција кај ракометарите родени 2000 и 2001 година. Во второто полуфинале тимот на Академија 3 си обезбеди финален дуел по победата над екипата на РК Илинден Вардар со 21-18 (8-7). Во финалето ќе ги пречека тимот на РК Урдаревски Вардар чиј противник беше фаворизираниот тим на РК Бисинов-Вардар.Во тој меч поуспешен беше тимот на Урдаревски по одиграните продолженија со 23-21, мечот заврши по 50 минути ракомет ( се играше 2х25) со реми 20-20 со победата тие си обезбедија место во финалето. Повеќе за овој меч и фотогалерија од истиот може да погледнете на нашиот веб сајт-тука.
Академија-3 прва поведе по што избраниците на Дарко Јанев екипата на РК Илинден Вардар во првиот нивни напад на мечот изедначи, а веднаш потоа и поведе со 1-2. Се играше игра гол за гол на двете страни паднаа по четири гола во двете мрежи и во последните 5 минути во првиот дел од дуелот во “Јане Сандански“ се велезе со 5-6. Бидејќи мечот беше од големо значење се играше борбено во одбраните со малку примени голови на двете страни. Академија 3 успеа да направи серија 3-1 до одморот и да замине со минимална предност од 8-7 на одмор. Вториот дел во првите десет минути подобро го отвара тимот на Академија 3 тие со серија 4-2 зголемуваат на 12-9 што е прво водство за нив од “плус три“. РК Илинден Вардар неуспеа до крајот да се врати по оваа негатива, во игра гол за гол на двете страни, по многу борба Академија-3 со победата од 21-18 си обезбеди финале во оваа генерација 2000/2001.