Денес во големата сала при С. Ц “Јане Сандански“ се одигра вториот ден од овој натпреварувачки викенд, трет пролетен во Вардар Јуниор ракометната лига. Кај момците во генерацијата 2004/2005 се одиграа три дуели денес. Во истите постигнати беа следниве резултати.
РК Бисинов од Велес триумфираше во дуелот со РК Карпош од Куманово, во овој машки дуел велешани дојдоа до победа со 19-16. Велешани први со гол го отворија овој дуел тие поведоа со 1-0, на што Карпош одговори со гол за 1-1. Потоа двапати беше реми 2-2 и 3-3, Бисинов со серија 3-0 се одлепи на 6-3, а кумановчани со иста мера вратија и изедначија на 6-6. Во последните 3 минути влеговме со резултат 7-7, по што велешани со два гола во финишот поведоа и отидоа на одмор со 9-7.
Вториот дел со гол го отворија момците на Наташа Младеновска кои намалија на 9-8, но велешани вратија за 10-8 во следниот напад. Во игра гол за гол Бисинов водеше постојано со два гола и во финишот влезе со 17-15. Велешани беа поумешни и на крајот триумфираа со 19-16. Табаков и Андоновски кај победникот имаа по 5 гола, кај Давид Видевски имаше дури 13 погодоци.
Во вториот дуел РК Илинден Вардар триумфираше над РК Урдаревски Вардар со 21-14. Први со гол мечот го отворија момците на Дарко и Александра Јанев кои поведоа со 0-1, на што РК Урдаревски врати со гол за 1-1. Во текот на првиот дел се играше гол за гол постојано двете екипи поведува минимално,а другите изедначуваа. На одмор РК урдаревски замина со предност од 11-10.
Втриот дел почна со гол на Илинден за реми 11-11, а ведаш потоа влегоа илинденци во елемент и поведоа со 11-14 што ќе се покаже како клучен период од мечот за победа денес. Урдаревски намали на 12-14 по што следеше серија 2-7 за РК Илинден што донесе победа 14-21 во нивна корис. Кај поразените Благоја Петковски постигна 7 гола, кај победникот Колевски Петар и Петрушевски Андреј имаа по 6 гола.
Во третиот дуел РК Будимир Вардар дојде до победа со Вардар ДБ од Кавадарци со резултат 24-9. Први со гол мечот го отворија момците на Андријана Будимир кои поведоа со 0-1. Потоа во првата половина од полувремето тие постојано стрелаа, во одбраната играа феноменално, и го зголемина нивното водство на 9-0. Кавадарцани намалија со првиот гол за 9-1 по што се вратија во мечот. До крајот се играше гол за гол и на одмор се отиде со 13-4 за Будимир.
Вториот дел со гол го отвори тимот на од Скопје кој поведе со “десет плус“ 14-4. Од минута во минута во вториот дел РК Будимир Вардар го зголемуваше водството и на крај победи со 15 гола предност. На семафорот во “Јане Сандански“ по крајот на дуелот стоеше 24-9 за скопските момци. Кај победникот Кирил Симоноски имаше 7 гола, кај поразените девет играчи имаа по еден гол.