Младите вардарци денес гостуваа во Битола кај тимот на РК Пелистер во меч од Супер лигата. За жал младите црвено -црни ракометари забележаа пораз во 12. коло од домаќинот со резултат 27-22.
Први со гол отворија домаќините кои по досудениот пенал за нив Чаневски брани, но топката доаѓа кај домаќините кој отвараат за 0-1. Вардар веднаш изедначува, а Пелистер добива играчка предност по исклучувањето на 2 минути на наш играч. Вардарци одлично се снаоѓаат во следниот период иако со играч помалку држат баланс . Погодуваат двете екипи, по два гола за Јуниор стрела Чурлевски и Јовчевски за резултат 3-3. По овој момент веќе Вардар до крајот од првиот дел ќе брка негатива, следи голема серија на зелено-белите од 7-2 за најголема предност од пет гола во 20 минута резултатот е 10-5. Младите момци малку се соземаат и намалуват на 10-7 во следните два напада со головите на Чурлевски и Мартин Манасков. Но Пелистер повторно е во налет и со серија 5-3 на полувреме го носи мечот со комотни 5 гола предност. Резултаот по крајот на првите 30 минути е 15-10.
Вториот дел почнува со два брзи гола на црвено-црните кој веднаш го враќаат резулатот на активен по само 2 минути игра во вториот дел намалуваме на 15-12. Во продолжение изедначени двата тима на теренот погодуваат по 3 пати и во 41минута резултаот на семафорот е 18-15. Успеваме да се одбраниме, тоа во напад го наградува Вујачиќ со гол за 18-16 по подолго време конечно младите вардарци успеаа да стигнат на минимални два гола негатива. Повторно за жал следи пад во играта на нашите млади ракометари Пелистер парви серија од 4-0 , резултатот во 46минута е 22-16. Аце Станковски кој денес го предводеше тимот наместо првиот тренер Пепи Манасков повикува тај-маут обидувајќи се да ја прекине оваа серија на зелено-белите. Сепак советите воопшто не помогнаа Пелистер продолжува со серијата на која додава 2 гола за огромна предност од 8.гола 24-16. Ѓоргиевски намалува на 24-17 со гол кој дојде по 11,5 минути “пост“ за црвено-црните. Следеа неефикасни 4-5 минути во кој двата тима постигнаа само по еден погодок во 56 минута резултаот е 25-18. Докрај успејавме да намалиме и да бидеме поразени со гола предност, мечот заврши со резултат 27-22.
Најуспешни поединци кај нас овој меч беа : Вујачиќ кој даде 7 гола, а Чурлевски постигна 4 погодока. Следен меч за РК Вардар Јуниор е домашниот дуел со велешки ГРК Борец.