Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар јуниор убедлив со Металург-2
РК Вардар јуниор убедлив со Металург-2

РК Вардар јуниор убедлив со Металург-2

Вчера во Кале во дуел од рамките на 7 коло во Супер лигата се сретнаа екипите на Вардар јуниор и вториот тим на Металург. Избраниците на Пепи Манасков дојдоа до убедлива двоцифрена победа во овој дуел на помладите состави на скопските ривали со резулат 37-26 , а на полувреме мечот беше 19-8.

По почетното водство на гостите домаќините постигнаа три погодоци за водство од 3-1. Во продолжението следеше уште пожесток атак на младите вардарци на голот на “фенерџијата“ и одлична игра во одбраната што резултираше со серија од 5-2 со која стигнавме до тој момент највисоката предност од 5 гола односно 8-3. Гостите намалија на со постигнат гол на 4 разлика и се понадеваа дека ќе бидат во можност да се вратат во игра на овој меч. Сепак нашите надежи немислеја така и фуриозно почнаа да ја полнат мрежата на гостите со 7 погодока по ред во нивната мрежа, а притоа не примија ниту еден гол со што стигнаа до фантастична предност од 11 голови. До крај на првиот дел се играша игра гол за гол на двете страни паднаа по четири погодока во двете мрежи и нашите момци заминаа на одмор со резултат 19-8.

Вториот дел во кој Манасков даде шанса на играчи од клупата почна со рамноправна игра во однос на постигнатите погодоци во првите минути од вториот период двата тима погодиа по двапати за резултат 21-10 на семафорот во С.р.ц “Кале“. Нашите момци продолжиа со игра која носеше од минута во минута зголемување на водството со серија овој пат од 7-3 разликата се искачи на највиски 15 гола предност со резултат 28-13, Се виде дека прашање на рутина е како нашите момци овој дуел ќе го привршат кон крајот и ако следеше мало опуштање заради екстрмно големото водство што младите металургзи го искористија за намалување на резултатот на 10 разлика со серија од 1-6 на 29-19. До финишот на мечот повторно игра гол за гол на двете страни се постигнаа по 9 гола во продолжението за резултат 36-26 во самиот финиш на дуелот. Во последната минута за запечатување на сигурната победа јуниорци погодија уште еднаш со што мечот заврши со 37-26 за црвено-црните надежи. Пепи Манасков на овој дуел ги одмараше Манасков , Андовски и  Јовчевски. Вардар со оваа победа има 12 бода и се наоѓа на петото место со што е со исти број на бодови како и тимовите на Охрид 2013 и Прилеп 2010 кои се наоѓаат на четвратата и третата позиција.

Најефикасни во нашиот табор беа : Чурлевски со 6 гола, Поповски и Костовски со по 5 гола, а по 4 гола имаа Симиќ,Ристов, Недановски и ГеоргиевскиВардарци имаа 5 седмерци на дуелов  од кој реалзираа 4. Исклучувања за црвено-црните: вкупно 6 минути.