Saturday ,04 December 2021
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар јуниор поразен од Пелистер во Купот на Р.М

Вардар јуниор поразен од Пелистер во Купот на Р.М

Денес во спортската сала „Младост“ се играше четвртфиналната група од Kупот на Mакедонија. Во група-3 се наоѓаа екипите на  Пелистер, Еурофарм Работник,Младост Богданци и нашиот млад состав тимот на  РК Вардар Јуниор.

Полуфиналните двојки беа Пелистер – Вардар Јуниор и Младост Богданци – Еурофарм Работник. Ракометарите на битолски Пелистер се пласираа во финалето на четвртфиналната група откако го победија составот на Стојан Петрушевски нашиот млад сениорски тим, Вардар Јуниор со 32:27. Претходно  Еурофарм Работник, обезбеди пласман во финалето. На почетокот вардарци отворија со 0:2, потоа поискусниот тим на Пелистер поведе со 3:2. Во продолжение  се играше гол за гол се до финишот на првиот дел. Во истиот се влезе со резултат 12:12. Домашните со серија 3-0 поведоа и отидоа на одмор со 15:12. Во вториот дел зелено-белите доминираа. Тие во еден момент дури и стигнаа и до највисоки “плус седум“ односно 30:23. Вардарци се подобрија во последните моменти и ја ублажија негативата, тие на крајот беа поразени  со  конечни 32:27.

Најдобар стрелец во тимот на Касим Каменица  беше  играчот кој е позајмен во зелено-белите од нашиот Јуниор, црногорецот Ристо Вујачиќ. Тој беше прв стрелец  со 6 голови, додека кај нашиот Вардар Јуниор одличен беше  Мартин Поповски кој постигна  9 голови.