Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > РК Вардар јуниор одигра тест-меч со РК Прилеп
РК Вардар јуниор одигра тест-меч со РК Прилеп

РК Вардар јуниор одигра тест-меч со РК Прилеп

Екипата на Вардар јуниор вчера  одигра  тест-натпревар со РК Прилеп. Избраниците на Пепи Манасков гостуваа во  истоимениот град.  Тие имаа  добар настап, но сепак домаќинот  РК Прилеп однесе победа, прилепчани победија  со минимални 31:30.

Ова беше меч кој беше  неизвесен, во кој двата колектива прикажаа допадлива  ракометна претстава. Домаќините дојдоа до овој триумф со  пресврт во вториот дел. По крајот на првиот период  РК Вардар јуниор имаше  предност од 16:13, со која се замина на одмор. Одличен настап имаше вардаровиот голман Филип Ивановски кој нанижа 13 одбрани, а најефикасен стелец во  нашиот табор  беше Мартин Поповски кој стрелаше прецизно шест пати. Шанса за настап добија и играчите на РК Вардар 2, како Ончев, Трпчевски и Димов кои се прикажаа во одлично издание. Ова беше втор тест-дуел за Јуниор  пред почетокот на  Супер лигата, која  ќе ја продолжи на 12 март против РК Пролет. Мечот  со скопскиот ривал ќе го играме на домашен терен.

Вардар јуниор: Ивановски 13 одбрани, Филиповски 2 одбрани, Манасков 3, Чурлевски 2, Недановски 2, Тренчевски 3, Вујачиќ 3, Поповски 6, Спасовски, Ристов, Ончев 4, Симиќ, Георгиевски 3, Димов 1, Ангелов 3, Костовски 1.