Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Каденас: Добра вест за нас е што не игра Борозан, но сепак Вардар е фаворит
Каденас: Добра вест за нас е што не игра Борозан, но сепак Вардар е фаворит

Каденас: Добра вест за нас е што не игра Борозан, но сепак Вардар е фаворит

Денес со почеток од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански, Вардар е домаќин на екипата на Брест Мешков, во рамките на најсилната група А од Лигата на Шампионите. Ова е можност да се вратиме на победите и повторно да атакуваме на врвот на табелата. Тренерот на противничкиот тим, Маноло Каденас истакна дека Вардар е фаворит без разлика на заминувањето на некои од играчите и на отсуството на Борозан.

Парондо помалку или повеќе ја продолжи работата на Гонзалез. Тие се одлични стратези и нивната психологија е многу слична. Парондо учеше со Раул, и затоа во Вардар ништо не се сменило. Некои лидери си заминаа, но на нивно место дојдоа одлични играчи – Скубе, Калараш, Дисингер. Сите се фантастични ракометари и затоа Вардар е фаворит. Добра вест за нас е тоа што еден од најдобрите леви бекови на светот, Вуко Борозан нема да игра на овој меч, но сигурен сум дека Дисингер ќе го даде максимумот за да не се почувствува таа дупка во вардаровите редови, истакна Каденас.