Вчера, конечно по двата воведни порази во 2022 година, кадетите на РК Вардар 1961 успеа да дојдат до првата победа во Групата-В. Овој викенд тие беа домаќини на тимот од Автокоманда, екипата на РК Металург РА.
На дуелот одигран во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје избраниците на Пепи Манасков дојдоа до победа со минимални 32-31, со ова дојдоа до втора победа во меѓусебните дуели, овој тим и на гости го совладавме, есента бевме подобри со 30-33 во Автокоманда.
Првиот дел го добивме со минимални 12-11, се играше борбено, двата тима се обидуваа да се одлепат, но не успеаваа. На пауза заминавме со гол „залиха“ кој подоцна ќе се покаже како клучен. Ништо не се смени во вториот дел, точно на средината на истиот во 45.минута беше резултатска симетрија, 22-22 на семафот во „Јане Сандански“. Драмата беше во последната минута при наше водство од 31-30, противникот успеа да аналуира и да изедначи на 31-31. Ние имавме само 20.сетина секунди, успеавме да погодиме на 9.до крајот за победа со 32-31.
Прв стрелец беше Матеј Трајановски со 6.гола, еден помалку имаше Георгиј Спасовски, тројца момци имаа по три: Давид Младеновска, Дамјан Димитриевски и Христијан Петковски.