Кадетитите на ракометниот клуб Вардар, кои се натпреваруваат во младинската Група-1 денес ќе одигаат заостанат натпревар. Тие изминатиот викенд требаше да гостуваат кај екипата на РК Јуниор КВ, но поради технички проблеми во салата мечот беше одложен.
Истиот доби нов термин, денес, четврток 7.март. Натпреварот ќе се игра во салата „Круме Кепески“ во Скопје со почеток во 16-00 часот. Тимот предводен од Будимир и Станковски сеуште има изгледни прилики за завршниот Ф4 турнир во оваа конкуренција, па така ќе атакуваме на победа во овој дуел во кој сме фаворити.
На првата средба со тимот од Скопската населба Кисела Вода, оваа есен во “Јане Сандански“ ние победивме со добра игра особено во вториот дел, на одмор заминавме со само два гола предност, 14-12. Во вториот дел заигравме подобро и победивме со 34:27.