Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Подготовки за пролетниот дел од сезоната, кадетите на РК Вардар напорно работат под водство на Петковски
Подготовки за пролетниот дел од сезоната, кадетите на РК Вардар напорно работат под водство на Петковски

Подготовки за пролетниот дел од сезоната, кадетите на РК Вардар напорно работат под водство на Петковски

Кадетската екипа на РК Вардар се подготвува за пролетниот дел од сезоната во првенството.

Екипата предводена од Зоран Петковски тренира во спортската сала на О.У.Круме Кепески, напорно работи и со нетрпение го очекува вториот дел од сезоната.

324518949_1203335683717965_2660230327015981664_n 326126441_584965749743069_377142703306819673_n

Кадетите на Вардар после седум одиграни натпревари имаат скор од шест победи и еден пораз и се наоѓаат на второто место во својата група. Од првиот дел треба да се одиграат уште натпреварите со Кузман Вардар и Голден Арт-2.

Екипата во пролетниот дел ќе биде засилена за Алексеј Цветковски и повратникот после повредата, Ангел Столески.