Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите со победа кај РК Кузман
Кадетите со победа кај РК Кузман

Кадетите со победа кај РК Кузман

Кадетите на РК Вардар 1961 вчера гостуваа во населбата Илинден. На средбата кај РК Кузман дојдовме до победа.

Домаќините парираа на самиот почеток се до резултат 4-5 за нас. Потоа црвено-црните со серија 1-7 поведоа со 7.гола повеќе, односно со резултат 5-12. Од минута во минута нашата предност раснеше, мина и во двоцифрена. Видевме со 15.гола повеќе за време на паузата резултат беше 11-26 за вардарци.
Во вториот дел во салата “Гоце Делчев” натпреварот продолжи по исти терк. Момците на Зенга беа тие кој го диктираа темпото и ја зголемува предноста. Победата дојде со убедливи 29-47 на оваа средба од Групата-А.

Кај нас Ангел Столески имаше 9.гола и беше прв стрелец, по 5.погодока имаа 3ца ракометари: Никола Нечовски, Матеј Тевдовски и Томислав Стаменков.