Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир и Станковски ги дознаа ривалите во кадетската лига, вардарци главен фаворит за круна
Момците на Будимир и Станковски ги дознаа ривалите во кадетската лига, вардарци главен фаворит за круна

Момците на Будимир и Станковски ги дознаа ривалите во кадетската лига, вардарци главен фаворит за круна

Познати се составите на сите четири групи во кадетска машка конкуренција. Екипата предводена од Будимир и Станковски, РК Вардар Јуниор се наоѓа во групата-1 со следните  екипи; Алушевски, Балтепе, Бутел, Драчево, Металург-2 и Пролет.

Според пропозициите само првите тимови, односно лидерите на сите четири групи ќе  играат на завршниот турнир, каде ќе се дознае шампионот на Република Македонија. Будимир долго време работи со овие момци, се очекува оваа сезона да освои со нив кадетска круна. Овој тим пред две сезони беше пионерски шампион, стандардно одлично одигрува во регуларниот дел. Се очекува да бркаат повторно 100% учинок. Тимот е созреан дополнителна тежина му даде и ангажирањето на Станковски кој  ги подготвува момците за физичките предизвици кои ги очекуваат во кадетската и младинската лига.

Одличното селектирање преданата работа со тимот дава резултати, дел од овие момци изминатата сезона Парондо им даде шанса во Суперлигашката конкуренција  и во Купот на Република Македонија. Тие се едни од главните, ако не и главен фаворит за кадетска круна.