Во традиционалниот избор на ЕХФ за најдобри трансфери пред почетокот на секоја натпреварувачка сезона, се најдоа и двајца ракометари на Вардар. Доаѓањето на Кањелас и Чупиќ во црвено-црниот дрес е сместено во ТОП-10 најдобри трансфери. Особено високо котира преминувањето на Кањелас од Кил во Вардар, кој е на третото место. Погледнете ги сите ТОП-20 најдобри трансфери ова лето.
1. Уве Генсхајмер ( Рајн Некар – ПСЖ)
2. Деан Бомбач ( Пик Сегед- Киелце)
3. Жоан Кањелас ( Кил-Вардар)
4. Драган Гајиќ ( Монпелје-Веспрем)
5. Гудјон Валур Сигурдсон ( Барселона- Рајн-Некар)
6. Андреас Волф ( Вецлар-Кил)
7. Лука Степанчиќ ( Загреб-ПСЖ)
8. Филип Ивиќ ( Загреб- Киелце)
9. Иван Чупиќ ( Киелце- Вардар)
10. Лукас Нилсон ( Истад-Кил)
11. Игор Вори ( ПСЖ-Загреб)
12. Доминик Клајн ( Кил-Нант)
13. Ласе Андерсон ( Колдинг-Барселона)
14. Валентин Порте ( Тулуз- Монпелје)
15. Валеро Ривера ( Нант-Барселона)
16. Сергеј Горбок ( Вардар- Пик Сегед)
17. Кристијан Цајц ( Веспрем-Кил)
18. Марко Копљар ( ПСЖ-Веспрем)
19. Нгаесен ( Шамбери-Барселона)
20. Дејан Манасков ( Вардар- Рајн-Некар)