Македонскиот ракометен првак и најтрофеен клуб Вардар 1961 живее тешки денови. Од друга страна, јавноста немо посматра и гледа како на спортскиот великан му се случува катаклизма.. По повод немилите настани кои го потресоа Вардар, со свој коментар се јави и капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски.
Ристовски испрати порака преку неговиот профил на социјалните мрежи.
„ФК Вардар, РК Вардар, КК Работнички, РЖК Кометал.. Брендови на Македонија? Кој е следен? А да… други ни се криви! Моја жална Македонијо“, напиша Ристовски.