Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карачиќ за Вардар Фанс: Пред нашата публика ќе дадеме се од себе да ја добиеме Висла, за потоа да го дочекаме Веспрем во 1/4
Карачиќ за Вардар Фанс: Пред нашата публика ќе дадеме се од себе да ја добиеме Висла, за потоа да го дочекаме Веспрем во 1/4

Карачиќ за Вардар Фанс: Пред нашата публика ќе дадеме се од себе да ја добиеме Висла, за потоа да го дочекаме Веспрем во 1/4

Во сабота не очекува нов ракометен спектакл во спортскиот центар Јане Сандански. Гостува екипата на Висла Плоцк во рамките на реванш мечот од осминафиналето на лигата на шампиони. На првиот натревар одигран во Полска, одигравме со нерешен резултат од 30:30. Иако на неколку минути пред крајот имавме предност од четири голови разлика, до крајот Полјаците успеаа да стигнат и да не загубат во својата арена. Сепак Вардарци и со ваков резултат се во предност, поради кквалитетот и домашниот терен. Најефикасниот наш играч на првиот дуел Игор Карачиќ успешно се снајде во улогата на лев бек постигнувајќи 6 погодоци. Имавме можност да разговараме со него и да ни ги сподели своите очекувања од овој реванш дуел во Скопје.

-Висла беше екипата која извади нерешено на првиот меч во Полска. Имавме предност од четири голови на три минути до крајот, мало опуштање и несериозност во додавањата и ударите доведе на крајот да го завршиме мечот со нерешен резултат. Сигурно дека ќе биде потешко со ваков резултат, отколку доколку победевме со четири гола. Одигравме таму еден одличен натпревар, иако знаеме дека недостасуваа некои играчи. Се собравме како екипа, дадовме се од себе и навистина ми е жал што во последните минути потфрливме, но пред нашата публика ќе дадеме дополнителен гас да го решиме тоа на најдобар можен начин и да го дочекаме Веспрем во четвртфиналето.

Двете екипи се сретнаа во истава елиминациска рунда и минатата натпреварувачка сезона. Тогаш на првиот меч во Плоцк, Висла забележа триумф од шест голови разлика и со голема предност допатува на реваншот во Јане Сандански. Нашиот организатор на играта вели дека пристапот на секој меч треба да биде на највисоко ниво, без разлика дали имате предност или негатива.

-Неможе да биде различен пристапот од минатогодишниот меч. Нерешениот резултат може да не потсети на некои работи и можеби е подобро што одигравме без победник за многу да не се опуштиме. Видовме дека за три минути можат да се стигнат четири голови разлика, така да можат да не изненадат и на домашен терен. Пристапот не смее да биде доведен во прашање, ние сме професионалци и должни сме да дадеме се од себе, да оставиме срце на терен и да го добиеме дуелот.

После завршување на европското првенство во Полска, над Игор Карачиќ беше извршен хируршки зафат. Сепак хрватскиот репрезентативец собра сили да се врати на теренот и да му помогне на тимот во остатокот од сезоната.

-Беа некои дилеми и прашања дали е потребно да се изврши операција . На крајот испадна се добро и позитивно за мене. Не бев на терен месец дена, но сепак се вратив во добра форма и кондициона подготовка. Се ќе биде во ред, работите течат во позитивна насока, изјави Игор Карачиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски