Вардар е најуспешниот ракометен колектив, а сигурно и спортски кој оваа сезона успеал да освои дури четири трофеи, во сите натпреварувања каде играа црвено-црните. Колку и да поминува времето од крајот на сезоната која е зад нас, играчите се обидуваат да ги смират емоциите, но успехот е сепак голем. Во изјава за СЕХА, средниот бек на Вардарци, Игор Карачиќ говори на кратко за големото достигнување со Вардар и освојувањето на Европската титула.
-Полека стивнуваат емоциите од четирите освоени трофеи и тоа е веќе заборавена работа. Секоја година ги освојуваме трофеите во домашното првенство и куп. Но оваa сезона се случи нешто подобро, што го сонувавме претходниве години. Тоа е пласманот на фајналфор и освојување на лигата на шампионите. Се случи и тоа, но сега мислите ги насочувам кон Европското пренство со репрезентацијата на Хрватска.
Следната цел за Карачиќ е настапот на Европското првенство, кое следната година е на програмата токму во Хрватска.
-Играме пред нашата публика и сплитскиот темперамент и мислам дека тоа е добро за нас. Со нетрпение чекам да започне Европското првенство и се надевам дека ќе бидеме подготвени. Знаеме дека не очекува притисок, но ние ќе дадеме се од себе да го израдуваме народот во Хрватска.