Кадетите на Рк Вардар го освоија четвртото место на “Трофеј Белград“ . Избраниците на Чивлачки забележаа три победи и два порази на овој турнир. Малку недостасуваше да се најдеме во големото финале, откако во 1/2 бевме минимално поразени со еден гол разлика. Во групната фаза совладани беа екипите на Белград (28:11), Раднички (23:18), како и големиот фаворит, тимот на Партизан (15:11). Во борба за третото место доживеавме пораз од тимот на Раковица.
-Моите целокупни впечатоци од овој турнир се добри. Задоволен сум од играта на мојот тим, најмногу од борбеноста на теренот. Исто така задоволен сум од резултатите и многу ми е жал што не игравме финале, но заморот си го направи своето.
Мартин Карапалевски имаше блесна на овој турнир, каде беше прогласен за најдобар стрелец на завршениот турнир во Белград во кадетска конкуренција. Да напоменеме дека Мартин е убедливо најдобар играч на црвено-црните во домашното првенство, каде во просек постигнува по 9 голови.
-За наградата сум многу среќен и благодарен на тимот и соиграчите, бидејки без него немаше да стигнам до ова признание. Со ова ја заокружив 2015 година и на сите им честитам 2016 година и многу среќа и успех во новата година, изјави Мартин Карапалевски за Вардар Фанс.
Звонко Ивановски