Friday ,18 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ПЕКОЛ ЗА ФЛЕНСБУРГ, КАРТИ ВЕЌЕ РЕЧИСИ И ДА НЕМА ЗА МЕЧОТ ВО ЧЕТВРТОК

ПЕКОЛ ЗА ФЛЕНСБУРГ, КАРТИ ВЕЌЕ РЕЧИСИ И ДА НЕМА ЗА МЕЧОТ ВО ЧЕТВРТОК

Уште три дена до реванш натпреварот од четврфиналето на лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Фленсбург. Црвено-црните со два гола предност ќе го започнат реваншот во Јане Сандански. Билетите речиси да се распродадени и остануваат уште многу малку во продажба. Места засега има само на оние трибини, кои се лоцирани позади двата гола. Интересот за овој дуел се повеќе расте. откако Вардр победи на првиот натпревар во Германија. Се очекува полна сала и пекол за екипата на Фленсбург. Сигурно дека поддршата од побликата ќе биде еден од главните фактори за да се стигне до посакуваната цел и пласман на завршниот турнир. Побрзајте ако сеуште немате набавено билет, можеби до крајот на денот ќе бидат распродадени и тие малку што останаа. Голем ракометен спектакл е пред нас, Вардар може да испише историја не само за себе туку и за Македонскиот ракомет, со што ќе биде првата машка екипа која се пласирала на завршниот турнир во ова најголемо ракометно натпреварување.

Потсетуваме дека мечот во четврток започнува во 19 часот. Бидете таму да му дадеме огромна поддршка на Вардар кон голема победа и пласман на Ф4 во Келн, каде ќе има можност да се бори и за европската титула.