Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Се уште е неизвесна “судбината“ на Киелце, еден од противниците на Вардар во групата А од ЛШ
Се уште е неизвесна “судбината“ на Киелце, еден од противниците на Вардар во групата А од ЛШ

Се уште е неизвесна “судбината“ на Киелце, еден од противниците на Вардар во групата А од ЛШ

Се уште е во неизвесност “судбината“ на еден од противниците на Вардар, во најсилната група А од Лигата на Шампионите. Екипата на Киелце се соочува со сериозни финансиски проблеми, па не е познато дали во новата сезона тие ќе влезат како посилни или послаби.

Откако општината одби да им помогне, сопственикот на клубот, Бертус Сервас е во потрага по нови спонзори кои ќе го зајакнат и стабилизираат Киелце, на ниво какво што беше претходните години. Поранешниот шампион на Европа во пресрет на новата сезона го засилија Лика Циндриќ (Вардар), Владимир Цупара ( Адемар Леон), Ангел Фернандез ( Ла Риоха), Уладзислау Кулеш ( СКА Минск), и Артсем Каралек ( Сент-Рафаел). Заминаа Мануел Штрлек ( Веспрем), Деан Бомбач ( Пик Сегед), Дарко Џукиќ ( Брест Мешков) и Матеус Кус ( Мотор Запорожје). Својата играчка кариера ја завршија Карол Биелецки, Урош Зорман и Славомир Шмал.

Дали ќе се случи трансфер на Циндриќ во ПСЖ, останува да видиме во наредниот период. Богатиот клуб од Франција, кој во новата сезона ќе го предводи Раул Гонзалез, е подготвен да издвои 4 милиони евра за поранешниот среден бек на црвено-црните. Големи пари се во прашање, доколку се реализира овој трансфер, кој шампионот на Полска би го застанал на здрави нозе. Вардар и Киелце ќе се сретнат во петтото и десеттото коло во групата. Нивните натпревари секогаш носеле квалитетна игра и незвесност до последната минута.