Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дали се наѕира противникот на Вардар во 1/4, Кил со предност од седум голови ќе патува на реваншот во Сегед
Дали се наѕира противникот на Вардар во 1/4, Кил со предност од седум голови ќе патува на реваншот во Сегед

Дали се наѕира противникот на Вардар во 1/4, Кил со предност од седум голови ќе патува на реваншот во Сегед

Вечерва се одигра првиот осминафинален натпревар во ЛШ, помеѓу екипите на Кил и Пик Сегед, меч кој заврши со триумф на Кил од 29:22. Веќе знаеме дека победникот од овој двомеч ќе биде противник на вардарци, во четврфиналето на ЛШ и последната пречка за пласман на завршниот турнир.

Во најголем дел од првото полувреме се играше израмнето на двете страни. Интересно првите три голови за екипата на Кил ги постигна десниот бек, Вујин, кој го израмни резултатот на 3:3. Следуваше игра гол за гол, а домашниот тим благодарение на петтата одбрана на Никлас Ландин, тимот на Кил за прв пат на мечот има предност од два гола (10:8) во 20 минута. Сепак до крајот на првото полувреме, гостите од Сегед не дозволија домаќинот да се одлепи, напротив направија и резултатски пресврт и имаа можност на одмор да заминат со минимално водство, но Зарабац погоди во последните пет секунди и го израмни резултатот на 14:14, кој беше актуелен на полувреме.

Откако Кил и Пик Сегед постигнаа по два гола, следеше серија за избраниците на Гислансон од 3:0, за во 36 минута да имаат предност од 19:16, а на голот блескаше Ландин, кој веќе дојде до својата осма интервенција. Во следните шест минути, Кил не успева да постигне гол, а после тајмаутот кој го побара Карлос Пастор, неговите момци постигнуваат три последователни голови и го израмнија резултатот на 19:19 во 42 минута. Страшен и пред се несфатлив пад во играта на Пик Сегед кој цеи осум минути не успеа да го пронајде патот до голот на Кил, напротив бундеслигашот кој прави голема серија од 6:0 и во 49 минута има високи шест голови разлика (25:19). Лошата серија ја прекина, крилото на унгарците, Калман кој постигнува гол, за намалување  на 25:20. Гостинот не успеа да се врати во игра и само влегуваше од грешка во грешка. Две минути исклучување поради фаул врз Вујин и нов гол за домашниот тим, кој поведе со високи 28:21, додека Вујин со својот осми гол му носи предност на својот тим од 29:21. На крајот конечен резултат од 29:22.

Вујин најефикасен со 8 голови кај победникот, додека кај Сегед, пикерот Банхиди постигна 5 голови.Кил има голема предност пред реваншот во Унгарија, дали ќе ја задржи оваа предност останува да видиме и после одигрување на вториот меч во Сегед.