Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Еден од противниците на Вардар во ЛШ, екипата на Кил, под водство на новиот тренер стартуваше со подготовки
Еден од противниците на Вардар во ЛШ, екипата на Кил, под водство на новиот тренер стартуваше со подготовки

Еден од противниците на Вардар во ЛШ, екипата на Кил, под водство на новиот тренер стартуваше со подготовки

Еден од противниците на Вардар, во групната фаза од Лигата на Шампионите, тимот на Кил, стартуваше со подготовки за новата натпреварувачка сезона.

„Зебрите“ имаат нов предводник во Филип Јиха, кој го замени на клупата, повеќе годишниот Алфред Гислансон кој во претходните 11 години го водеше тимот.

Кил не направи многу промени во однос на составот, кој го имаше од минатата сезона. Нови засилувања за екипата на бекот Павел Хорак и голманот Дарио Квенштед, кои ќе бидат замени за Марко Вујин и Андреас Волф кој замина во екипата на Киелце.

Во периодот од 9-13.октомври, екипата на Кил ќе гостува во С.Ц. Јане Сандански, на актуелниот Европски Шампион, во рамките на 4.коло од најсилната група Б.