Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Стефан Кочаров: Најголема желба и цел ми е заедно со брат ми Михаил да заиграме за првиот тим на РК Вардар и да ги браниме боите на Македонија
Стефан Кочаров: Најголема желба и цел ми е заедно со брат ми Михаил да заиграме за првиот тим на РК Вардар и да ги браниме боите на Македонија

Стефан Кочаров: Најголема желба и цел ми е заедно со брат ми Михаил да заиграме за првиот тим на РК Вардар и да ги браниме боите на Македонија

Ракометната Вардар Јуниор лигата веќе зад себе има 5.коло реализирано од втората сезона. Лигата лани беше вистинско доживување за младите ракометари кој од многуте вардарови школи земаа учество во истата. Сезонава повторно почна лигата, истата сега е нормално далеку подобро организирана со собраното искуство од премиерната. Дури 650 дечиња се дел од оваа лига, голем број школи земаат учество во истата.  Во следниот текст ве запознаваме со младиот Стефан Кочаров, член на екипата на РК Шампион Вардар која со успех се натпреварува во црвено-црниот голем ракометен проект.

-Во спортот сум од мали нозе. Прво тренирав ватерполо, па ајкидо за конечно на 10 години да се пронајдам во ракометот покрај брат ми кој веќе беше поискусен ракометар. Може да се каже дека потекнувам од спортско семејство, мојот дедо е бивш ракометар на позиција десен бек, а татко ми пливач.

Стефан има можност да работи со врвни тренери, меѓу кои е Слободан Чивлачки кој ја предводи кадетската и младинска екипа на РК Вардар.

-Јас сум веќе две години во РК-Шампион. Тренери ми се Слободан Чивлачки и Димитар Бадев, познати ракометни имиња и тренери вљубеници во ракометот. Покрај такви луѓе учиме брзо и евидентен е напредокот на сите деца во тимот и на самиот тим.

Јунир лигата им го дава потребното искуство на овие млади играчи, кои и во иднина сакаат да продолжат со ракометот.

-“Јуниор лигата“ е големо искуство за сите деца. Функционира многу подобро од лани бидејќи сега играме сите тимови секој со секого, а  минатата сезона игравме само против три екипи. Највпечатливо во јуниор лигата е големата дружба и покрај тоа што на терен сме лути противници .

15319391_374339202911450_141016789_n

Изминатиов викенд, РК Урдаревски во оваа генерација ја забележа својата четврта победа. Тие убедливо ја поразија екипата на РК Бисинов (22:5). На тој натпревар најефикасен беше токму Стефан кој постигна осум голови.

-После пет одиграни кола нашата школа има четири победи и еден пораз, поради тоа што бевме некомплетни. Пред се сакам да кажам дека натпреварот го добивме сите деца,мојот учинок го делам со цел тим. Кога би се навратил на претходните натпревари мислам дека имав и подобри изданија и тврдам дека најдоброто од мене ќе го прикажам во финалето.

Неговиот брат Михаил е веќе дел од младинските екипи на РК Вардар, каде од оваа сезона е член на РК Вардар Јуниор кои се натпреваруваат во младинската лига. Истата желба ја има и Стефан кој ја гледа можноста преку “Јуниор“ лигата да стигне до посакуваната цел.

-Најголема желба и цел ми е заедно со брат ми Михаил да заиграме за првиот тим на РК Вардар и да ги браниме боите на Македонија како континуитет на многу познати братски парови во ракометот.

Звонко Ивановски