Денес и утре ќе се одигра завршниот турнир во Келн, за натпреварувачката сезона 2019/2020. Поради пандемијата со корона вирусот овој голем настан се одложи за последните денови од годината. Големото ракометно натпреварување беше прекинато после одигрување на групната фаза, односно не се одиграа ниту осмина-финалните дуели во ЛШ.
Денес на програмата во „Ланксес Арената“ ќе се одиграат полуфиналните натпревари. Во првото полуфинале ќе се сретнат екипите на Барселона и ПСЖ, додека на вториот полуфинален меч силите ќе ги одмерат екипите на Кил и Веспрем
Барселона – ПСЖ 18:00
Кил – Веспрем 20:30
Вардар е сеуште актуелен освојувач на Лигата на Шампионите, откако во 2019 година во големото финале го победи тимот на Веспрем. Утре ќе биде познат и новиот владател на Европа.