Арпад Штербик првите официјални дуели за црвено – црните во СЕХА регионалната лига ги одбрани речиси во целост сам. Тренерот Гонзалез треба да одреди кој ќе биде негов партнер за дуелот со Монпелје во рамките на првото коло на Лигата на Шампионите дуел закажан за во недела на 20 септември во Франција .
Милиќ конечно ја изврши задедената задача и го исполни условот да биде дел од првиот тим од како намали 20сетина килограми од својата прекумерна телесна маса (види) , а Петар Ангелов – Диви ја надмина повредата на грбот која го мачеше изминатиот период и заради која беше надвор од стројот. Сега двата искусни голмани со искуство во европската шампионска лига се ставени на располагање да бидат партнери на неприкосновениот на голот Арпад Штербик. За кој од двајцата голмани ќе се одлучи шпанскиот стратег на клупата на црвено – црните ќе сочекаме да видиме во наредните денови. Можеби мала предност е на страната на Ангелов кој работеше со тимот пред повредата да го одалечи од тренинзите за разлика од Милиќ кој работеше со новиот суперлигаш вториот тим на РК Вардар предводен од Пепи Манасков.