Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > „Мозокот“ за трансфери на Вардар, Кокшаров: Среќни сме што го донесовме Атман, тој ќе блесне повторно

„Мозокот“ за трансфери на Вардар, Кокшаров: Среќни сме што го донесовме Атман, тој ќе блесне повторно

Како што претходно објавивме Павел Атман потврди дека е нов играч на европскиот првак, Вардар (види). Тој пристигнувањето во црвено-црниот тим го потврди за сајтот на руската ракометна федерација-  https://rushandball.ru/.  Рускиот селектор и спортски директор на РК Вардар, човекот кој секоја година погодува одлични засилувања Едуард Кокшаров го потврди задоволството од ангажирањето на новиот негов сограѓанин во црвено-црниот табор.  Тој вели:

 

Атман Павел е играч од највисока класа, кој за жал имаше многу проблеми со повредите во Германија. Во Вардар очекуваме тој  да се врати во посакуваната форма и да потсети на своите најдобри денови. Среќни сме што успеавме да го доведеме Атман,  ќе ни биде од голема помош и на Вардар и на руската репрезентација- вели Кокшаров.