Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Комити Скопје ! Рк Вардар- Барселона 29:29
(ВИДЕО) Комити Скопје ! Рк Вардар- Барселона 29:29

(ВИДЕО) Комити Скопје ! Рк Вардар- Барселона 29:29

Пред две сезони, ракометарите на Вардар одиграа интересен натпревар со големата Барселона. Во првото коло на групната фаза, во сезоната 2013/2014 овие две екипи одиграа нерешено во спортскиот центар Борис Трајковски. Црвено-црните иако важеа за аутсајдери, успеаа пред полната сала да направат подвиг и да направат големо изненадување. Тогаш на клупата беше Зоран Кастратовиќ. Иако на полувреме имавме негатива од четири гола, се боревме до крај со големиот противник. Тоа беше голем резултат, ако се знае дека екипата беше речиси нова и беше потребно време да се склопат коцките. Во истава сезона, во 1/8 падна и тогашниот актуелен европски првак-екипата на Хамбург. Комити беа во голема бројка и имаа одлично навивање, во текот на сите 60 минути.

Да се потсетиме на овие убави и незаборавни моменти од трибините на С.Ц. Борис Трајковски.