Mомците од РК Вардар го одбранија трофејот во Купот, кој е вкупно 12-ти во историјата на црвено-црниот клуб. Избраниците на Раул Гонзалес во големото финале, кое се играше во Битола, ја совладаа домашната екипа на Еурофарм Работник со 26:31. Вардарци ја потврдија доминацијата во Македонија. По крајот на финалето тие добиа златни медали, пехарот за Куп шампионот и прелазниот голем трофеј. Истиот им го додели првиот човек на РФМ, г-н Мукаетов.
