Во рамките на првото коло во СЕГА-лигата, Вардар денес ќе гостува во Словачка кај екипата на Татран Прешов. Своите очекувања за овој натпревар ги сподели играчот на Вардар, Милан Лазаревски.
„Знаеме многу за Татран како тим затоа што игравме против нив во Струга за време на летото. Во меѓувреме, ние квалитетно се засиливме. Словачкиот шампион има квалитетен ростер, но мислам дека сите работи ќе зависат од нас. Мора да влеземе во мечот максимално и да покажеме зошто сме фаворити на хартија“,
Натпреварот ќе стартува во терминот од 16:00 часот.