Кадетитите на ракометниот клуб Вардар, денес во рамки на младинската Група-1 одига заостанат натпревар. Тие гостуваа кај екипата на РК Јуниор КВ, момците на Будимир и Станковски беа поразени со два гола 25-23.
Натпреварот ќе се игра во салата „Круме Кепески“ започна со водство на домаќинот со 2-0, на кое ние одговоривме со иста мерка за реми 2-2. Потоа беше и 4-4, со серија 1-4 и добра игра во одбраната поведовме со 5-8 на средината од првиот дел. Сепак домаќинот смогна сили и ја намали нашата негатива пред паузата. Тие во финишот изедначија на 13-13, резултат со кој се замина на одмор.
Вториот дел започна со по три гола во двете мрежи, повторно беше реми 16-16. Следеше наш период во кој со четири врзани гола во серија се одлепивме на 16-20. По овој момент попушти концетрацијата кај нашите момци, тоа го искористи противникот кој на еден наш гол одговараше со три во нашата мрежа. Тие триумфираа со резултат 25-23
Најуспешни во нашиот табор беше Грујовски Велимир со шест гола, Давид Савревски постигна пет, а по три погодока имаа Димчевски Благој и Калајџиевски Симон.