Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Сондорс и Лицис на дуелот Вардар – Загреб
Сондорс и Лицис на дуелот Вардар – Загреб

Сондорс и Лицис на дуелот Вардар – Загреб

Во недела тимот на Вардар ќе го одигра натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите. Втор натпревар по ред, вардарци ќе бидат домаќини. Овој пат во Скопје доаѓа хрватскиот шампион, тимот на ППД Загреб. Ова ќе биде шанса за Вардар да стигне до третата победа oд исто толку натпревари.

Овој натпревар ќе го суди судиска двојка од Летонија, станува збор за искусните судии Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис. Се надеваме на добро завршена работа. ЕХФ делегат ќе биде Павичевиќ од Црна Гора.