Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > “Виси” настапот во ЛШ на Вардар
“Виси” настапот во ЛШ на Вардар

“Виси” настапот во ЛШ на Вардар

Лоши вести за македонскиот ракомет доаѓаат од Келн. Како што неофицијално дознава Balkan-Handball.com, Европската ракометна федерација донела одлука да му забрани на македонскиот шампион скопски Вардар да настапува во Лигата на шампионите на ЕХФ во сезоната 2022/2023.

Причина за ваквата одлука е нерасчистената финансиска состојба, која го доведе во прашање настапот на двократниот освојувач на Лигата на шампионите на ЕХФ од 2017 и 2019 година и минатата сезона, но ЕХФ тогаш му прогледа низ прсти на тимот од сала „Јане Сандански“ oфицијалната одлука се очекува до крајот на неделата. ППД Загреб и Целје Пивоварна Лашко се пријавија за вајлд-карта од областа Екс-ју.