Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија одигра храбро, но Хрватска ни го нанесе првиот пораз на мундијалот
Македонија одигра храбро, но Хрватска ни го нанесе првиот пораз на мундијалот

Македонија одигра храбро, но Хрватска ни го нанесе првиот пораз на мундијалот

Македонија го претпре првиот пораз на Светското првенство во Германија и Данска, откако вечерва беа поразени од селекцијата на Хрватска.

Хрватска уште од првата минута имаше предност, кога резултатот со гол го отвори Муса, за да имаат и водство од 3:1. Сепак Македонија успеа да се врати во игра и по 10 минути успеа да го израмни резултатот ан 4:4, откако погоди Манасков. Противничкиот голман, Марин Шего беше најголемиот виновник што Хрватска како течеше првото полувреме се повеќе ја зголемуваше предноста. Со головите на Лазаров успеавме да намалиме на 7:5 и 9:7, но во следните шест минути следи серија за избраниците на Червар кои постигнуваат четири последователни голови и во 24 минута имаа најголеми шест гола разлика (13:7). Лошата серија ја прекинавме со можеби најубавиот гол на мечот, кога Ѓорѓиески и Манасков реализираа после успешно изведен цепелин. Истата позитива од шест гола, ја врати Карачиќ кој погоди за 15:9.  Гонзалез се обидуваше со играта 7 на 6 во нападот, но хрватите играа одлично во одбрата и реализираа неколку голови кога нашиот гол беше празен. Шего продолжи со одбраните, стигна до својата седма интервенција, а неговата репрезентација на полувреме имаше водство од 16:11.

Во вториот дел на нашиот гол се разбрани и Ристовски, а Македонија успеава во 8 минути игра да намали на само три голови разлика (19:16). Но голманот кој настапува за Пик Сегед, Марин Шего дефинитивно е најзаслужен што хрватите се во постојана предност, со две интервенции по ред му брани удари на Пешевски, кој не успеа да го погоди голот, а потоа и Манасков кој го промаши празниот гол на Хрватска. Ова беше период кога можевме да намалиме на два гола негатива, но не успеавме. Ниту вардаровото десно крило, Поповски, не успева да го совлада Шего, кој стигна до својата 10.интервенција, а Степанчиќ ја враќа високата предност на Хрватска од пет гола разлика. Конечно прв гол на овој натпревар и за Стојанче Стоилов, кој од својот трет обид успева да ја затресе мрежата. Во последните седум минути, Хрватска влезе со предност од шест голови и беше многу блиску до победата. Немавме шанси до крајот, противникот слави со резултат 31:22.

Од вардаровите играчи на овој натпревар, кај Македонија, Стоилов постигна 2, додека кај Хрватска, Карачиќ беше стрелец на 4 голови.

ФОТО:Gol.mk