Македонија го доживеа и четвртиот пораз на Светското првенство, откако за пласман од 13-16 место бевме поразени од селекцијата на Русија.
Македонија беше рерпрезентаијата која успеа прва да стигне до два гола позитива (2:4), но во 8.минута видовме ново израмнување на дуелот (4:4), во тие моменти два гола беа дело на Калараш, додека еден на Кисељев, а првиот го постигна Житников. Серијата за Русија продолжи и во следните минути кога стигнаа и до 0:6 и успеаа да стигнат до највисоко водство од 8:4, од последните четири голови за Русија, три беа постигнати на празен гол, со оглед дека селекторот Гонзалез и на овој меч започна со играта 7 на 6. Следеше прв тајмаут на Македонија, тоа даде резултат со оглед дека во следниот период постигнавме четири последователни голови и во 14 минута со голот на Георгиевски успеавме да го израмниме резултатот на 8:8. Русија повторно поведе со два гола, но Македонија врати, за противникот да го врати водството со голот на Калараш. Со нова серија избраниците на Кокшаров успеаа да поведат и со највисоки 17:12, благодарение на 8 одбрани по првиот дел на Киреев. Во последните минути постигнавме два гола, на па одмор заминавме со достижна негатива од 17:14.
Лошо започна вториот дел за нас, Киреев стигна до двоцифрен број на одбранети дуели а Кисељев и надежниот Косоротов зголемија на 19:14. Во игра во вториот дел влезе и Поповски кој се запиша во листата на стрелци и намали на 21:16. Русија на 15 минути до крајот ја одржуваше разликата од пет голови, а Македонија се обидуваше да внесе неизвесност. Тешко одеше со оглед дека Киреев на спротивната страна стигна до 17 успешни интервенции, добар беше и Митревски кој мечот го заврши со 16 одбрани. На пет минути до крајот намаливме на два гола негатива, што донесе надеж дека можеме до позитивен резултат. Сепак на крајот Русија слави со резултат 30:28.
Стоилов и Поповски постигнаа по 1 гол, кај Русија, Калараш беше стрелец на 4 голови, Дибиров и Кисељев постигнаа по 2 гола.
ФОТО: Gol.mk